Македонија вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ успеа да ги надполни седумте голови негатива од гостувањето на Фарски Острови и да се пласира на Светско првенство.
Фарски Острови имаа водство само на почетокот од средбата, по што Македонија го презема водството и стигна до предност од пет гола (15-10). На пауза заминавме со половина завршена работа и водство од 19:15.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа беше најава за голема победа и Македонија во второто полувреме одигра фантастично со целосна контрола на играта.
Во последните 10 минути Македонија влезе со предност од 30:21, па беше и 31:22, а во 55 минута повторно имавме посакувано водство од осум гола (31:23).
Клучен момент во овие последни моменти веројатно беше промашувањето и стативата на ракометарите на Фарски Острови.
Пешевски одигра перфектен меч со осум гола од осум обиди, седум гола постигна Филип Кузмановски, а шест Марко Митев.