Дома Фудбал Останато Барселона го уништи – Беше огромен талент, а денес заврши во затвор!

Барселона го уништи – Беше огромен талент, а денес заврши во затвор!

Во 2001 година Бразилецот Ривалдо полнеше 30 години, а Барселона бараше негов наследник и се надеваа дека наследникот го пронајдоа во неговата татковина.

На „Камп Ноу“ тоа лето пристигна Фабио Рочембак. Талентираниот играч од средината ги воодушеви европските скаути во дресот на Интернационал, а во борбата со останатите гиганти за неговиот потпис победи Барселона. Сумата за која го доведоа изнесуваше 12 милиони евра.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Големиот клуб и уште поголемите очекувања го „скршија“ Рочембак кого навивачите на Барселона денес го паметат како едно од најголемите промашувања во историјата на клубот.

Прстигна во летото кога Зинедин Зидан потпиша за Реал Мадрид. Одговорот на Барселона беше доведување, Џовани, Рочембак, Кристанвал, Бонан, Савиола и Патрик Андресон.

Најголемите ривали се сретнаа веднаш во полуфиналето, а првиот натпревар во полуфиналето на „Камп Ноу“ беше почеток на крајот за Рочембак во Барселона. Реал славеше со 2:0, а Бразилецот за 90 минути на позицијата напаѓач зад Савиола и Клајверт не направи ништо.

Следната сезона повеќе беше на клупата и трибините отколку на теренот. Доцнеше на тренинзите, па и ги пропушташе. Кога пристигна Рајкард на клупата на Барселона веднаш се ослободи поради правилото кое дозволуваше четири фудбалери надвор од Европската унија, а бидејќи пристигна Рикелме за Рочембак место немаше.

Она што го покажуваше во младинските категории на Интернационал никогаш не успеа да го пренесе на „Камп Ноу“. Од сите нови играчи кои пристигнаа тој покажа најмалку, а сите знаеа дека може многу, многу повеќе.

Каталонците не сакаа веднаш да го продадат, веруваа дека позајмиците ќе му помогнат да се навикне на фудбалот во Европа. Меѓутоа еднаш кога го напушти „Камп Ноу“ никогаш повеќе не се врати, па епизодата во шпанскиот гигант ја заврши со четири погодоци.

Следните шест години ги помина во Спортинг и Миделсброу со повремени блесоци како во победата против Манчестер Сити од 8:1, тоа беше и негов последен натпревар во Премиер лигата.

И денес оние кои играа со него жалат што не направи повеќе во кариерата.

„Единствената работа која Рочембак може да го запре да стане еден од најдобрите во светот е самиот Рочембак“, изјави во една прилика англискиот тренер Стив Руд и додаде дека е навистина тажно што Бразилецот никогаш не сфати колку всушност е добар фудбалер.

Соиграчите и тренерите му замеруваа што не беше посветен на ниту еден клуб како што беше на Интернационал.

Дека навистина се работи за чуден човек покажува и тоа што денес заврши во затвор во Бразил. Уапсен бил поради организирање на борби со петли. Кај него беа пронајдени дури 89 петли за борба и 25.000 евра заработени од борби со петли и дрога.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …