Дома Фудбал Репрезентации Роналдо вечерва има прилика да собори уште еден РЕКОРД!

Роналдо вечерва има прилика да собори уште еден РЕКОРД!

Репрезентацијата на Португалија вечерва на домашен терен го игра натпреварот против Швајцарија и тоа е борба за првото место во групата и пласманот на Мундијалот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пресметките се јасни, само со три бода Португалија оди на Светското првенство, во спротивно ги чека баражот.

Овој натпревар покрај борбата за пласман, важен е и за ѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо кој во овој натпревар има прилика да сруши уште еден рекорд.

Во овој момент тој постигна 79 погодоци за Португалија со што се наоѓа на четвртото место на сите времиња во светот, заедно со Читауло од Замбија.

Роналдо во овој квалификациски циклус постигна дури 15 погодоци, а тоа се 60% од сите погодоци на Португалија, па во натпреварот против Швајцарија статистиката секако е на негова страна.

Португалецот веќе го надмина легендарниот Пеле кој постигна 77 погодоци за Бразил.

Пред него се само тројца: Камамото од Јапонија кој постигна 80 погодоци, легендрниот Пушкаш со 84 погодоци, а на првото место се наоѓа Али Даеи кој за Иран постигна 109 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Oва е најдобриот стрелец на Африканскиот куп на Нации У17, има 14 години (Фото)

Репрезентацијата на Танзанија во категоријата до 17 години го освои Африканскиот куп на на…