Дома Фудбал Германија Овој податок е доказ колку силен менталитет изгради Алонсо во Леверкузен

Овој податок е доказ колку силен менталитет изгради Алонсо во Леверкузен

Лигата на шампионите ќе ја освои Реал или Борусија, во Англија гледаме голема битка помеѓу Сити и Арсенал, Жирона е вистински хит на шпанската лига, но оваа сезона ќе остане запаметена најмногу по резултатите на еден тим – Баер Леверкузен .

Баер вчера го сруши рекордот по број на натпревари без пораз во сите натпреварувања, а со синоќешното реми со Рома (2:2) нивната чудесна серија изнесува 49 натпревари.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јосип Станишиќ погоди во седмата минута од судиското надополнување во вториот дел за 2:2, а тоа беше 11. натпревар сезонава во кој Баер избегна пораз по 90. минута од натпреварот.

Пред синоќешниот натпревар, на истекот на 90. минута, Баер три пати губеше од Карабах, двапати од Штутгарт и по еднаш од Баерн, Аугсбург, Лајпциг, Хофенхајм и Дортмунд и секој пат избегнуваше пораз на крајот од мечот.

Дека се специјалисти за голови во последните минути говори податокот дека постигнаа голови по 90. минута на уште четири натпревари (Отенсен, Сандхаузен, Вест Хем и Вердер) во кои беа во предност.

Баерн до крајот на сезоната има уште четири натпревари – два во првенството против Бохум и Аугсбург, финалето во Лига Европа против Аталанта и финалето од Купот на Германија против Кајзерслаутерн.

Тие веќе ја освоија Бундеслигата, а со оглед на тоа дека се фаворити против Аталанта и Кајзерслаутерн имаат големи шанси оваа сезона да освојат тројната круна и со тоа да ја заокружат најдобрата сезона во клупската историја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…