Дома Фудбал Репрезентации Потврдено: Албанија и Србија сакаат заеднички да организираат Европско првенство

Потврдено: Албанија и Србија сакаат заеднички да организираат Европско првенство

Фудбалскиот сојуз на Албанија соопшти дека поднел барање да биде домаќин на Европското првенство за играчи до 21 година во 2027 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Она што е особено интересно е што тоа го направи заедно со Фудбалскиот сојуз на Србија.

„По успешната организација на финалето на конференциската лига во Тирана во 2022 година, како и домаќинот на Европското првенство за играчи до 17 години во 2025 година, ФС Албанија сака да организира уште еден голем настан.

Бидејќи Албанија нема услови самостојно да го организира првенството, тоа би го направила заедно со Србија. Тоа е многу амбициозен проект кој би ја ставил Албанија во центарот на фудбалските случувања во Европа“, се вели во соопштението на Албанскиот фудбалски сојуз.

За ова се уште нема официјални информации од Фудбалскиот сојуз на Србија, но оваа можност неодамна ја најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ при почетокот на работата на Националниот стадион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…