Од редовите на Вест Хем пристигна и официјална потврда за тренерската смена на крајот од сезоната.
Дејвид Мојс нема да го води тимот следната сезона и на кормилото на „чеканите“ ќе седне друг стратег.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Вест Хем може да потврди дека Дејвид Мојс заминува на крајот од сезоната кога неговиот договор истекува“, стои во соопштението на клубот од Лондон.
Името на Мојс во историјата на Вест Хем ќе остане запишано како тренер кој им го донесе првиот поголем трофеј од 1980 година. Ќе потсетиме, Вест Хем ја освои Конференциската лига откако во финалето во Прага славеше против Фиорентина со 2:1.
Најавите на Островот се дека Хулијен Лопетеги ќе биде новиот стратег на англискиот тим.