Дома Фудбал Денеска ќе го добиеме првиот финалист од Лигата на шампионите

Денеска ќе го добиеме првиот финалист од Лигата на шампионите

ПСЖ и Борусија Дортмунд вечерва со почеток од 21:00 часот ќе го одиграат реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите. Реваншот ќе се игра во Париз, каде домаќинот ќе се обиде да го смени исходот од првиот натпревар.

Да потсетиме, во првиот полуфинален натпревар Дортмунд победи со 1:0 со голот на Никлас Фулкруг во 36. минута.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Целта е финале, а за да стигнеме до него ќе мораме да бидеме подобри од големиот Дортмунд. Секогаш има простор за напредок и треба да работиме на тоа. За три секунди може да се постигнат два гола, но исто толку можеме и да примиме, одиме на победа“, изјави тренерот на ПСЖ, Луис Енрике.

“Одењето на Вембли треба да се заслужи. Ни треба реми, но сакаме да победиме. Имаме мала предност и одлична можност. Тие ќе мора да дадат се од себе, да имаат добар план и добра идеја. Очекувам подобар ПСЖ отколку на првиот натпревар, но ние го сакаме финалето.“ го најави натпреварот тренерот на Дортмунд, Един Терзиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи го надмудри Милан

Италијанскиот шампион Наполи запиша исклучително важна победа со 1:0 на домашен терен прот…