Витор Роке не е среќен во Барселона, а неговиот агент Андреа Кари ја потврди ситуацијата во која се наоѓа фудбалерот.
Роке како големо за иднината пристигна во Барселона, меѓутоа набрзо неговата епизода се претвори во кошмар. Вкупно на 11 натпревари Роке одигра 138 минути и постигна два гола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми шпекулираа дека Барселона сака да го испрати на позајмица, меѓутоа неговиот агент порача дека Роке сака само перманентен трансфер.
„Тој нема да оди на позајмица. Ако замине тоа ќе биде во перманентен трансфер. Никој не знае зошто Чави не го игра, па дури и не зборува со Витор. Имаше многу натпревари во кои можеше да му даде минути, но не го направи тоа. Ова што му се случува не е праведно. Наскоро ќе разговараме со Барселона околу иднината“, изјави Роке.