Дома Фудбал Италија Алегри си најде алиби: Јавно „удри“ по тројца играчи на Јувентус!

Алегри си најде алиби: Јавно „удри“ по тројца играчи на Јувентус!

Се поверојатно изгледа дека Масилијано Алегри наредната сезона нема да биде тренер на Јувентус, а него се очекува да го наследи Тијаго Мота кој одлично ја води Болоња.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Додека навивачите го криткикуваат Алегри поради стилот на игра по последниот натпревар со Рома, Алегри даде еден вид алиби за сезоната во која за Јувентус најголем успех би бил обезбедување место во Лигата на шампионите.

Во изјавата стратегот на Јувентус јавно ги критиквуаше Влахови, Кин и Киеза за лошата форма, а го потенцираше и црвениот картон на Милик пред неколку кола.

„Очигледно Интер е подобар од нас, цело време имаше предност од 12-14 поени. Природно е на крајот да забавиме во таква ситуација. Имаше и голем број инциденти како кога беше исклучен Милик, Влаховиќ, Кин и Киеза не беа во добра форма, Рабио и Мекензи беа повредени… Се тоа се неповолни околности“ изјави Алегри.

Со оглед на тоа дека Алегри има уште една година од договорот со клубот, се чека моментот кога Јувентус и официјално ќе му се заблагодари на Алегри за соработката. Ова може да означи почеток на нова ера за Јувентус под водство на Тиаго Мота, кој дефинитивно има светла тренерска иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шок за Швајцарија во петтата минута од судиското продолжение – Храбриот Катар дојде до многу важен бод (Видео)

Швајцарија и Катар одиграа нерешено (1:1). Во 21 часот по наше време беше одигран натпрева…