Со неверојатен пресврт во дербито од 33. коло на СуперСпорт ХНЛ, ДИНАМО ја совлада Риека со 2:1 и побегна на четири бода на три кола пред крајот на шампионатот. Риека поведе со голот на Марко Пјаца од пенал во 49. минута, а победи Динамо со голот на Бруно Петковиќ во 75. и прекрасниот гол на Арбер Хоџа во 89. минута.
По натпреварот на Инстаграм се огласи Стефан Ристовски, десното крило на Динамо и поранешен фудбалер на Риека, со кој беше и шампион на Хрватска.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На дербито во Рујевица трпеше свирежи при секој допир со топката, а имаше и навреди кон него. Навивачите на Риека често ја пцуеја неговата мајка, а бидејќи Ристовски неодамна ја загуби, тие зборови очигледно силно го погодија.
„Не ве мразам, но ја изгубивте целата моја почит. Семејството е над фудбалот. Над се! #zatebe majko“, напиша тој во објавата.