Јирген Клоп ќе го води Ливерпул до крајот на сезоната, а потоа ќе го напушти клубот во кој пристигна во 2015 година и му ја донесе титулата англиски и европски шампион.
Шпанскиот „Фихајес“ денеска пренесува дека Клоп не е единствениот што ќе си замине на крајот од сезоната. Како што пишуваат, заминувањето е сигурно за дури осум фудбалери.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Голманот Келехер, потоа Луис Дијаз, Костас Цимикас, Тајлор Мортон, Фабио Карваљо, Натаниел Филипс, Калвин Ремзи и Сеп ван ден Берг се играчите кои ќе го напуштат клубот во летниот преоден рок, освен ако новиот тренер Арне Слот не инсистира дека некој од горенаведените треба да се задржи.
Слот ќе дојде во Ливерпул од Феенорд откако ќе заврши сезоната, а најважното прашање е статусот на Луис Дијаз. Овој колумбиски крилен напаѓач е најголемото име на отпишаниот список, па се очекува прво да се најде на милост и немилост на холандскиот специјалист.