Дома Фудбал Германија Германскиот гигант по 14 години повторно ќе игра во Лигата на шампионите

Германскиот гигант по 14 години повторно ќе игра во Лигата на шампионите

Со синоќешната победа на Борусија Дортмунд над ПСЖ во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, германските бундеслигаши ја добија трката со англиската Премиер лига и француската Лига 1 за дополнително место во елитното натпреварување.

Германците до овој момент во европските натпреварувања имаат освоено 18.357 бодови, а како и Италијанците (19.428) имаат уште три претставници во Европа.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Англичаните останаа само со Астон Вила и моментално се трети со 17.375 бодови, додека Французите имаат 16.083 и два активни претставници. Покрај „светците“ тука е и полуфиналистот од Лигата на Европа, Марсеј.

Така Бундеслигата следната сезона ќе има пет претставници во Лигата на шампионите, а победата на Дортмунд посебно ја прослави во Штутгарт, славниот германски клуб кој си обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Петкратниот шампион на Германија пред четири години се врати во Бундеслигата од Цвајт, а оваа сезона блеска и моментално е трет на табелата.

Благодарение на тоа што петтото место води и во Лигата на шампионите, популарните Шваби станаа сигурен патник во ова натпреварување бидејќи таму ќе се најдат дури и ако на крајот од сезоната Лајпциг и Борусија кои се зад нив успеат да ги престигнат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Бобан уште еднаш ја доби битката со Милан: „Росонерите“ ќе му исплатат милионска оштета

Врховниот суд во Италија донесе конечна пресуда во случајот на Звонимир Бобан кој по вторп…