Заедно со Јирген Клоп, Ливерпул на крајот останува без добар дел од стручниот штаб, а сега на списокот на заминувања се запиша уште еден тренер. Имено, тренерот на голманите на Ливерпул, Холанѓанецот Џон Ахтерберг најави дека и тој ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.
Ахтерберг беше тренер со најдолг стаж во Ливерпул. Тој дојде во клубот во 2009 година и најпрвин работеше со помладите категории, а во 2011 година беше промовиран во тренер на голманите на првиот тим, функција која ја извршува до денес. „Го сакав секој ден на работа во овој неверојатен клуб, но по долго размислување чувствувам дека најдобро би било да барам нов предизвик“, напиша Холанѓанецот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
И додека се знае дека Клоп ќе го наследи Арне Слот, актуелниот тренер на Феенорд, се уште не се знае кој ќе го замени Ахтерберг. Еден од кандидатите секако би можел да биде легендарниот бразилски голман Клаудио Тафарел, кој со Ахтерберг работи веќе три години.