Дома Фудбал Лига на шампиони Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ.

Дортмунд изненади во Лигата на шампиони

Борусија Дортмунд во Бундеслигата не игра според очекувањата оваа сезона и се бори за пласман во Топ 4, иако амбициите на почетокот беа многу поинакви. Меѓутоа, во Лигата на шампиони слободно може да се каже дека е големо изненадување и стигна на чекор до финале. Дортмунд беше во најтешката група заедно со ПСЖ, Милан и Њукасл и успеа да заврши на првото место, па уште тогаш најави дека ќе биде незгоден противник за секого во ова натпреварување. Во четвртфиналето го елиминира Атлетико Мадрид, кој оваа сезона играше одлично во ЛШ, а сега повторно ќе се сретне со стариот познаник. Во групната фаза одиграа 1:1 со ПСЖ на домашен терен, но тогаш мечот немаше резултатско значење за „милионерите“, па сега очекуваме комплетно различен меч. Дортмунд не е фаворит во овој двомеч, но сигурно нема лесно да се предаде и има свои адути.

ПСЖ на чекор до остварување на сонот


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


ПСЖ веќе неколку сезони наназад е еден од главните фаворити за освојување на Лигата на шампиони, но никако да дојде до најспосакуваниот трофеј. Оваа сезона направија големи промени во тимот, заминаа двете најголеми ѕвезди Лео Меси и Нејмар, па сега главен адут е Килијан Мбапе и целата игра се заснова на Французинот. Меѓутоа, Луис Енрике успеа да направи балансиран тим, па иако не е меѓу главните фаворити, сепак ПСЖ оваа сезона е фаворит од сенка. Во групната фаза ПСЖ беше во најтешката група и едвај се пласира во елиминациите со ист број бодови како Милан, но подобра гол разлика. Во осминафиналето лесно го мина Сосиедад, а во четвртфинале успеа да ја елиминира  Барселона. Сега има противник против кој ќе има фаворитска улога и одлично го познава бидејќи одигра два меча во групната фаза. ПСЖ сега гледа шанса за  финале и знае дека е блиску до остварување на  сонот, па сигурно ќе  направи се за да го оствари. Целта на овој меч секако ќе биде да остане непоразен и со добар резултат да се врати во Париз.

Очекување

Дуел на два тима кои играат отворен фудбал и сакаат да се надигруваат, па тоа е предуслов за возбудлив и ефикасен меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анчелоти: Поразот од Лил може да биде корисен

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го коментираше поразот кој неговиот тим го претрп…