Денес продолжуваат полуфиналните натпревари од Лигата на шампиони, а секако очите на фудбалска Европа ќе бидат свртени кон дуелот Баерн Минхен – Реал Мадрид.
Баерн игра „чудна“ сезона
Баерн Минхен игра сезона под своите стандарди и после цели десет години ја загуби титулата во Будеслигата. Атмосферата во тимот не е баш најдобра,многу играчи не се задолни од работата на тренерот, а клубот веќе обзнани дека на крајот на сезоната ќе има тренерска смена. И покрај се Баерн игра одлично во Лигата на шамиони и се пласира во полуфиналето. Како и секоја години и сега главна цел наБаварците е најпрестижниот трофеј, но оваа сезона им се даваа многу помали шанси.Групната фаза ја минаа лесно, а минатото коло успеаа да го елиминираат Арсенал. Сега играат дуел кој можеби е финале пред финалето, а тренерот Тухел има проблем со повредени играчи. Во дефанзива нема да може да смета на Де Лихт и Упамекано, а неизвесен е и настапот на Мусијала. Сепак, Баварците знаат дека мора да го искористат домашниот терен и со предност да патуваат во Мадрид.
Реал Мадрид како по правило во завршница од ЛШ
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
И оваа сезона Реал Мадрид е еден од најголемите фаворити во Лигата на шампиони, а тоа го потврдија со игрите во групната фаза. Во четвртфиналето беа аутсајдери против Манчестер Сити, носепак „кралевите“ потвдија дека ја имаат Лигата на шампиони во својата ДНК. Сепак, Анчелоти е експерт за вакви натпревари и знае дека може да ја оствари целта и после продолженија или пенали. Поради тоа не се очекува Реал да тргне безглаво бидејќи му одговара и реми, па потоа на домашен терен дабрка пласман во финалето. Анчелоти има нерасчистени сметки со Баварците каде доби отказ пред неколку години. Тимот е во добра форма, особено после победата над Барселона бидејќи е на чекор до освојувањена титултаа во Примера.
Очекување
Дуел на два тима кои играат отворен фудбал, па очекуваме возбудлив меч со голови на двете страни.