Раководството на Реал Мадрид денес потврди дека Лука Модриќ ставил потпис на нов договор и се обврзал на верност кон „кралевите“ до 2020 година.
Модриќ пристигна во Реал Мадрид во 2012 година и веднаш се наметна како клучен дел од тимот, а со новиот договор ќе остане на „Сантиаго Бернабеу“ до својата 34-та година, што најверојатно значи дека ќе ја заврши кариерата во Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Реал Мадрид и Лука Модриќ се договорија за продолжување на соработката до 30 јуни 2020 година. Лука в среда со почеток во 13.30 часот ќе биде достапен за новинарите во нашата прес-зона на стадионот Сантијаго Бернабеу“, се вели во соопштението на Реал Мадрид.
Како што е познато, минатата недела Тони Крос исто потпиша нов договор со клубот. Се очекува во следните денови истото да го сторат и други од ѕвездите на тимот.