Дома Топ вести Манчестер Јунајтед спреми 100 милиони за Араухо

Манчестер Јунајтед спреми 100 милиони за Араухо

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо е во трансфер плановите на Манчестер Јунајтед, објави денеска каталонскиот весник „Спорт“.

Според истиот извор, Манчестер Јунајтед е заинтересиран за потписот на 25-годишниот Уругваец и е подготвен да му понуди на каталонскиот клуб 100 милиони евра.

Во моментов Араухо води преговори за продолжување на договорот со Барселона, но каталонскиот гигант не исклучува негова продажба.

Баерн  е исто така заинтересиран и Барса веќе одби 80  милиони евра, но тешко дека ќе може да ја одбие понудата на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…