Дома Фудбал Германија Ќе биде ли Хари Кејн „Златната копачка“ на Европа?

Ќе биде ли Хари Кејн „Златната копачка“ на Европа?

Англискиот напаѓач Хари Кејн со Баерн може да освои трофеј само во Лигата на шампионите, но индивидуално е многу блиску до едно признание. Имено, како што стојат работите Кејн ќе биде добитникот на „Златната копачка“ на Европа.

Кејн постигна 35 гола во 31 натпревар во германскиот шампионат (со 10 асистенции) и со вкупно 70 поени (еден гол вреди два бода) води во трката за европската „Златна копачка“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Зад Кејн на листата е Килијан Мбапе кој има 26 гола на своето конто, а до крајот на француската „Лига 1“ има само еден меч повеќе од Англичанецот. Со оглед на тоа дека и Баерн и ПСЖ ги очекуваат полуфиналните дуели со Реал или Борусија Дортмунд, двајцата веројатно не ни размислуваат за трофејот за најдобар стрелец во Европа.

На листата подоле Серу Гираси, напаѓачот на Штутгарт, Луи Опенда, фудбалерот на РБ Лајпциг, Лаутаро Мартинез (Интер) и Ерлинг Халанд (Манчестер сити) ќе имаат мотив да се обидат да му се заканат на Мбапе за втората позиција.

НАЈДОБРИ СТРЕЛЦИ ВО ЕВРОПА

1. Хари Кејн (Баерн) 70 поени (35 голови)
2. Килијан Мбапе (ПСЖ) 52 (26)
3. Серу Гираси (Штутгарт) 50 (25)
4. Луи Опенда (РБ Лајпциг) 48 (24)
5. Лаутаро Мартинез (Интер) 46 (23)
6. Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) 42 (21)
7. Лук Де Јонг (ПСВ) 40,5 (27)
8. Вангелис Павлидис (АЗ) 40,5 (27)
9. Кол Палмер (Челси) 40 (20)
10.Виктор Ѓекереш (Спортинг) 39 (26)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Новинарите го налутија Анчелоти со прашање за Мбапе

Сезонава Килијан Мбапе на 16 натпревари за Реал Мадрид постигна осум гола и забележа две а…