Дома Ракомет Лазаров го објави скратениот список ракометари за бараж натпреварите со Фарски Острови

Лазаров го објави скратениот список ракометари за бараж натпреварите со Фарски Острови

Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров денеска го објави скратениот список на ракометари за бараж натпреварите за пласман на Светсктоо првенство со Фарски Острови.

На списокот на Лазаров има 20 ракометари и седум резервисти кои би биле повикани во случај на отсуство на некој од ракометарите на списокот.

За Македонија хендикеп ќе биде отсуството на Никола Костески кој се повреди кон крајот на март во натпреварот за Еурофарм Пелистер против Клоштад. Собирот на репрезентативците е на 3-ти мај, додека натпреварите со Фарски Острови се на 8-ми мај во Трошван (20:00 часот) и 12-ти мај во Скопје (19:00 часот).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Три меѓународни злата го однесоа Белистојаноски до скопското признание

Матеј Белистојаноски е најдобриот спортист во изборот за наградите „13 Ноември“. Марин Док…