Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, изјави дека употребата на ВАР технологијата го нарушува имиџот на англискиот фудбал, откако беше поништен победникот на неговиот тим против Астон Вила во Премиер лигата.
Вчера Челзи ремизираше 2:2 во Бирмингем против Астон Вила, а во петтата минута од судиското надополнување, по употребата на ВАР технологијата, голот на Аксел Дисаси беше поништен поради прекршок при акцијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челзи губеше со 0:2, а во првото полувреме му беше поништен гол, откако беше утврдено дека Николас Џексон е во офсајд.
“Сите што го гледаа натпреварот беа разочарани. За две различни работи судијата досуди прекршок и го поништи голот и побара потврда од ВАР системот. Судијата е неверојатен и смешен. Тешко е да се прифати ваква работа. Во полуфиналето на ФА Купот (против Манчестер Сити) пред две недели, имаше игра со рака и не беше досуден пенал, а судијата не ја провери ситуацијата“, изјави Покетино за „ТНТ Спортс“, пренесе „Скај“.
„Ова е болно и го нарушува имиџот на англискиот фудбал. Мислам дека ниту играчите на Астон Вила, ниту нивните навивачи не разбираат зошто голот е поништен. Тие зборуваа дека е прекршок, а ако на секој таков дуел гледаме како фаул, тогаш не би го завршиле натпреварот со 11 играчи“, разочарано зборуваше тренерот на лондонскиот тим.
Челзи моментално е деветти на табелата и се бори за пласман во европските натпреварувања следната сезона.