Дома Фудбал Репрезентации Повеќе нема дилеми, познати патниците, но и потенцијалните парови во баражот за Мундијалот во Русија

Повеќе нема дилеми, познати патниците, но и потенцијалните парови во баражот за Мундијалот во Русија

Со крајот на вечерашните натпревари за квалификациите за СП познати се сите учесници кои обезбедија директен пласман, но и на оние кои ќе одигруваат бараж.

Со победата во Киев со 2:0, селекцијата на Хрватска успеа да се пласира во баражот каде ќе биде една од носителите. Најголемиот губитник е сигурно селекцијата на Словачка која остана без бараж со оглед на тоа дека заврши како најлошо второпласирана селекција.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Единствено не е познато дали Португалија или Швајцарија директно ќе се пласираат на Мундијалот во Русија или ќе завршат во бараж. Сепак, која и од овие две екипи да заврши во баражот по утрешниот судир, ќе имаат улога на носители. Во групата носители се Португалија или Швајцарија, Италија, Данска и Хрватска, додека неносители се Северна Ирска, Шведска, Ирска и Грција.

Така во баражот би можеле да се состанат:

Хрватска-Грција
Италија- Шведска, Португалија/Швајцарија
Данска-Северна Ирска

Сепак, точните баражни двојки ќе ги дознаеме на 17. октомври кога ќе се оддржи и ждрепката. Првите дуели од баражот ќе се одиграат од 9. до 11. ноември, а реванш дуелите од 12. до 14. ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…