Дома Топ вести Чави објасни зошто одлучил да остане во Барселона

Чави објасни зошто одлучил да остане во Барселона

Oд Барселона потврдија дека Чави Ернандез ја сменил одлуката и ќе остане тренер на каталонскиот гигант и во наредната сезона.

Ќе потсетиме, Чави пред неколку месеци изјави дека заминува на крајот на сезоната, меѓутоа во наредниот период сепак по покажаната желба од страна на клубот одлучи да остане.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сега во јавноста и откри што било клучно за да се откаже од заминувањето.

„Се предомислив бидејќи почувствува доверба од претседателот, бордот и фудбалерите. Имаме проект кој се уште не е заршен. Во овој момент чувствувам дека заедно со мојот стручен штаб имаме сили и можности да правиме важни работи“, изјави Чави.

Низ медиумите се шпекулираше дека Чави си ја барал платата и за следната година и кога му ја обезбедиле одлучил да остане. Но, тој ги демантираше таквите пишувања.

„Пишувањата дека останав затоа што сум ги добил парите за наредната сезона се лажни и исмислени. Сите во клубот знаеа дека ако замине, немаше да побарам ниту евро оштета од Барселона за мојата последна година“, одговори Чави.

Задоволство што останува изрази и Лапорта кој од почетокот јавно зборуваше дека сака да го гледа Чави на клупата и наредната сезона.

„Среќни сме што го продолжуваме проектот заедно. Ова е одлична вест за нас и важна за стабилноста на клубот. Чави е човек со ДНК на Барселона и знам дека и нашите фанови се среќни“, истакна Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…