Во рамките на 14. коло од Општинската лига Јасеница во Србија се одигра натпревар кој привлече внимание поради една бизарна ситуација.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, на теренот помеѓу фудбалерите на Бачинац и Галаваш од Глибовац се појави свиња. Домашното животно тешко над 100 килограми од некаде успеа да влезе на теренот, а натпреварот беше прекинат до негово отстранување од теренот.
На крајот натпреварот продолжи, а домаќините славеа победа од 2:0.