Реал Мадрид ја победи Барселона со 3:2 во Ел Класико на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ и речиси ја обезбеди титулата шампион на Шпанија. Винисиус Јуниор, Лукас Васкез и Џуд Белингам ги постигнаа головите за Реал, додека Андреас Кристенсен и Фермин Лопез за Барселона. Реал сега има 11 бодови пред второпласираната Барселона на шест кола до крајот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ првпат го предводеше Реал како капитен на тимот на Ел Класико. Тоа беше негов вкупно 15-ти старт како капитен за Реал откако се приклучи на кралскиот клуб пред 12 години, а со Барселона го одигра своето 36-то дерби.
Модриќ по победата се огласи на социјалната мрежа Х со порака која јасно беше упатена до оние кои мислат дека Реал секогаш има среќа. Пораката е едноставна и гласи: „Не е случајно. Реал Мадрид“.
На прес-конференцијата по натпреварот, Модриќ изјави: “Да, неверојатно. Ова беше победа која не приближи до нашата цел, не донесе чекор поблиску до нова титула. Одлична вечер и одлична тимска игра.“