Фудбалерот на Реал Мадрид, Начо Родригез, наводно го известил клубот дека нема да го продолжи договорот, а тоа значи дека ќе замине на крајот од сезоната.
Фудбалерот со најдолг стаж од актуелниот состав на Реал Мадрид е во клубот од детството, но сега сака да се испроба во нов предизвик.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На Начо му било кажано и дека во новата сезона веројатно би добил многу помала минутажа, сезонава настапи на 36 натпревар, а тоа беше најмногу поради повредите на Рудигер, Алаба и Милитао.
Реал го има и талентираниот Лени Јоро како главна мета за неговата позиција. Начо во таква ситуација целосно би паднал во втор план.
Начо дојде во Реал Мадрид на 11 години, освои се што може да се освои и ќе си замине како важен шраф од сенка за сите овие сезони на „кралскиот клуб“ во кој освои многу титули.