Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат германските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Барселона во зимскиот преоден рок одби понуда од 70 милиони евра, но Баерн спрема нова офанзива на лето.
На лето Баерн е спремен да го продаде Де Лихт и да испрати понуда од 90 милиони евра за Араухо, сума која Барса нема да може да ја одбие.
Притоа, Баварците ќе му понудат двојно поголема плата од таа која ја добива во Барселона, па и самиот Араухо е спремен да се пресели во Минхен.