Дома Фудбал Ова се 15-те номинирани за „Златната топка“ – се чека целиот список

Ова се 15-те номинирани за „Златната топка“ – се чека целиот список

„Златна топка“ е најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот. Организаторот „Франс фудбал“ денес во определени термини ќе ги објави имињата на 30 фудбалери што се номинирани за оваа награда.

Еминентниот магазин се реши на определено време да објавува по пет номинации, па до сега ги имаме имињата само на половината, односно 15 кандидати.

Честа нивните имиња да бидат први објавени ја добија играчите на Реал, Лука Модриќ и Марсело, напаѓачот на ПСЖ, Нејмар, односно фудбалерите на Челзи и Јувентус, Н’Голо Канте и Паоло Дибала.

Следните пет имиња кои ги објави „Франс Фудбал“ се Серхио Рамос (Реал Мадрид), Јан Облак (Атлетико), Филипе Кутињо (Ливерпул), Дрис Мертенс (Наполи) и Луис Суарез (Барселона).

Во третата група се најдоа: Един Џеко (Рома), Хари Кејн (Тотенхем), Роберт Левандовски (Баерн), Давид де Геа (Манчестер Јунајтед) и Кевин де Брујн (Ман. Сити).

До вечер ќе бидат познати имињата на сите 30 номинирани фудбалери, а фаворит за „Златната топка“ е ѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Старите навики го издадоа Хендерсон: Бараше пенал против сопствениот тим?

Поранешниот капитен на Ливерпул се врати на „Енфилд“ во дресот на Челси, но еден негов пот…