Дома Останати Олимпискиот оган тргна кон Париз! 🎥

Олимпискиот оган тргна кон Париз! 🎥

На свечена церемонија денеска во античка Олимпија беше запалена оганот кој тргна кон Париз каде што на лето ќе се одржат Олимписките игри.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пред неколку илјади гледачи на стадионот се одржа свечена церемонија, а специјални гости беа претседателот на Интернационалниот олимписки Комитет Томас Бах и првиот човек на Олимписките игри во Париз, Тони Естанж.

По говорот кој го одржаа, актерката Мари Мина го запали пламенот, а прв факелот го понесе шампионот во веслање од Токио, Стефанос Дукос. Тој го предаде на француската пливачка Лора Манаду, која е шампионка од 2004 година.

Низ Грција факелот ќе патува 11 дена, потоа ќе се испрати до Марсеј, па во Париз каде што треба да пристигне на церемонијата на свеченото отворање на 26-ти кули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

Неразбирливо е како Владата по секоја цена се обидува да донесе закон што ќе има низанегат…