Селекторот на репрезентацијата на Хрватска, Златко Далиќ доби лоша вест пред Европското првенство ова лето.
Имено, Анте Будимир од редовите на Осасуна има фантастична сезона во која постигна 16 голови и е втор на листата најдобри стрелци во Ла Лига. Токму тој требаше да биде првиот напаѓач за Хрватите во Германија, сепак во натпреварот против Валенсија заработи тешка повреда.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Будимир доцна вечерта бил примен во болница и според информациите се здобил со скршеница на три ребра. Осасуна ја потврди повредата и тоа воопшто не се добри вести за Хрватска.
„По натпреварот Анте беше пренесен во болница. Тестовите покажаа дека претрпел сериозен удар во градниот кош. Се здобил со скршеница на три ребра. Прими лекови против болка и во вторник ќе му бидат направени дополнитени тесотви“, соопштија од клубот.