Дома Фудбал Лига на шампиони Борусија Дортмунд ослабена во реваншот против Атлетико Мадрид

Борусија Дортмунд ослабена во реваншот против Атлетико Мадрид

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Себастијан Але ќе го пропушти реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлеко Мадрид поради повреда на левиот зглоб, изјави тренерот на германскиот тим, Един Терзиќ.

„За жал, повторно го повреди скочниот зглоб. Претпоставуваме дека нема да биде на располагање две до три недели“, изјави Терзиќ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Але се повреди во саботата на мечот од Бундес лигата против Борусија Менхенгладбах, во кој неговиот тим победи со 2:1.

Тој претходно беше единствениот стрелец за Борусија во поразот од Атлетико Мадрид со 2-1 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Реваншот е закажан за вечерва од 21 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Oфицијално: Милан има нов напаѓач

Фудбалерот на Вест Хем, Никлас Фулкруг, ќе игра на заем до крајот на сезоната во Милан, по…