Дома Трансфер зона Интер договори две големи засилувања

Интер договори две големи засилувања

Интер е на чекор од освојување на титулата во Серија А, а „нероаѕуриите“ веќе го безбедија потписот на две големи засилувања за следната сезона.

Станува збор за плејмејкерот на Наполи, Пјотр Зиелински и напаѓачот на Порто, Тереми, чии договори со клубовите истекуваат на крајот на сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми тврдат дека договорот е постигнат, и дека Зиелински ги договорил личните услови со „нероаѕурите“. Со Интер тој ќе потпише соработка на три години со опција за продолжување на уште една сезона.

Што се однесува до Тереми, тој веќе ставил потпис на преддоговор и исто така на лето ќе пристигне во Милано како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Бруно Фернандеш се огласи по најавите дека може да замине од Јунајтед

Во претходните денови во јавноста на Островот се појавија шпекулации во врска со иднината …