Ракометната федерација на Македонија денес започна со продажба за билетите за натпреварот помеѓу Македонија и Фарски Острови.
Натпреварот од баражот за Светското првенство кое се игра следниот јануари е закажан за 12-ти мај со почеток од 19 часот во „СЦ Борис Трајковски“. Тоа ќе биде реванш бидејќи четири дена подоцна ние ќе гостуваме на оваа селекција.
Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓
РФМ денеска ја одреди и цената за влезниците и таа ќе изнесува 200 и 300 денари, веќе се пуштени во продажба.
Картите може да се купат оналјн преку „МК Тикетс“ и нивната продажна мрежа.