Крузеиро го победи Ботафого со 3:2 во првото коло од бразилскиот шампионат. Иако во возбудливите 90 минути во Бело Хоризонте беа постигнати пет гола, вниманието го привлече и бизарната ситуација која се случи по последниот судиски свиреж.
Бразилскиот „Глобо“ објави фотографии и видео од автомобилот на навивач на Крузеиро, кој додека си одел дома со сопругата и синот, случајно со автомобилот од паркингот излетал на пешачките скали.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Возачот за бразилските медиуми изјавил дека го видел знакот за излез од паркингот и автоматски се свртел. Застанал кога сфати каде се наоѓа. Пожарникарите пристигнале на лице место и го извлекле автомобилот. За среќа, никој не бил повреден.
A Cruzeiro fan was leaving the Mineirão parking lot & accidentally went down the stairs.
— Ginga Bonito 🇧🇷 (@GingaBonitoHub) April 15, 2024
What the heck 😭😭😭pic.twitter.com/0mN4I1bTKg