Дома Фудбал Фудбалерот на Рома кој колабираше на терен не доживеал срцев удар

Фудбалерот на Рома кој колабираше на терен не доживеал срцев удар

Натпреварот помеѓу Удинзе и Рома во италијанското првенство беше прекинат во завршница откако фудбалерот Еван Ндика колабираше на теренот во 72. минута.

Ндика по укажаната медицинска помош беше пренесен во болница. Веднаш по пристигнувањето во болница било констатирано дека е надвор од животна опасност.

Првичните информации беа дека Ндика добил срцев удар, но сите тестови во болницата отфрлиле такво нешто. Но, сите детали официјално би требало да бидат познати во текот на денешниот ден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо не сакал карантин пред мечевите: Бенатија откри како реагирал Алегри

Португалецот побарал помош од Бенатија за да ја избегне ноќта во карантин пред натпреварит…