Левиот бек на Вардар, Вуко Борозан, и десното крило на Металург, Александар Гуглета се најдоа во идеалниот тим на четвртото коло во Лигата на шампионите.
Вардар во А-групата ремизира во Сегед 26:26. Црногорскиот репрезентативец Борозан беше најефикасен кај европскиот првак со осум гола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Металург во Харков против Мотор Запорожје имаше девет гола предност во 25 минута, односно шест на полувремето (18:12), но на крајот освои само бод. Седум гола за екипата од Автокоманда постигна десното крило Гуглета.
Тимот на колото во ЛШ:
Голман: Иван Пешиќ (Мешков Брест)
Лево крило: Џери Толбринг (Рајн Некар)
Лев бек: Вуко Борозан (Вардар)
Среден бек: Габор Часар (Кадетен Шафхаузен)
Десен бек: Жига Млакар (Целје)
Десно крило: Александар Гуглета (Металург)
Пивот: Камил Сипжак (Барселона)