Дома Топ вести Маркињос во поразот од Барселона стана рекордер во ПСЖ

Маркињос во поразот од Барселона стана рекордер во ПСЖ

Фудбалерите на Барселона победија во вчерашниот натпревар во Париз на гостувањето кај Пари Сен Жермен со 2:3, во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Парижаните не успеаја да дојдат поволен резултат пред реваншот во Барселона, но вечерта на „Паркот на принцовите“ посебно ќе ја памети Бразилецот, Маркињос.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Капитенот на Пари Сен Жермен стана играчот со најмногу натпревари за парижаните во клупската историја, бидејќи го престигна Жан Марк Пилорж.

Маркињос вчера го одигра својот 436. официјален натпревар за „светците“, а оваа статистика може да се зголеми во следните сезони бидејќи 29-годишниот дефанзивец неодамна објави дека би сакал да остане во „Париз до крајот на кариерата“.

Во летото 2013 година, Маркињос пристигна во ПСЖ од Рома за нешто повеќе од 30 милиони евра и набрзо стана многу важен член на тимот чиј капитен по најавите за заминување на Мбапе.

Договорот на дефанзивецот со парижаните истекува во 2028 година, а доколку го исполни до крај, ќе наполни 15 години во француската престолнина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…