Пред точно 32 години на денешен ден Црвена Звезда го победи Баерн во првиот натпревар од полуфиналето во Купот на шампионите, а стрелец во тој натпревар беше и Дарко Панчев.
Тој натпревар се памети како еден од најважните натпревари во историјата на црвено-белите. Баерн имаше предност од 1:0, а Звезда успеа да го сврти резултатот и да победи со 2:1.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Некаде пред крајот на првиот дел Звезда изведе брза контра во која Радиновиќ му додаде на Белодедиќ, па тој до Просинечки кој одлично го пронајде Биниќ за да му асистира на Панчев во петерецот.
#OnThisDay in 1991
— 80s&90sFootball ⚽ (@80s90sfootball) April 10, 2024
Bayern Munich v Red Star Belgrade European Cup Semi Final
Darko Pancev scores one of the best counter attacking goals you'll ever see
The pass from Robert Prosinecki is outrageous👌 pic.twitter.com/W5k2fTdPJT
Панчев така стрелаше за 1:1, додека пред крајот на натпреварот Савичевиќ погоди и донесе голема победа за српскиот тим. Во вториот натпревар резултатот беше 2:2 и Звезда продолжи во финалето каде што со победата против Олимпик Марсеј се израдува на пехарот.