Дома Фудбал Германија Хари Кејн и во најдобрата сезона во кариерата нема да го сруши „проклетството“ кое го следи од Тотенхем

Хари Кејн и во најдобрата сезона во кариерата нема да го сруши „проклетството“ кое го следи од Тотенхем

Хари Кејн направи трансфер од Тотенхем во Баерн Минхен за конечно да освои трофеј, но во моментов е далеку од такво нешто.

Баер Леверкузен наскоро ќе ја потврди титулата во Бундеслигата, со што ќе се прекине серијата на Баерн од сезоната 2012/13, а од купот каде што исто така Леверкузен ќе игра финале беа елиминирани претходно.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Баерн вчера ремизираше со Арсенал во Лондон со 2:2 и има шанса пред своите навивачи да се избори за пласман во полуфиналето, но во тој случај ќе оди на Манчестер Сити или Реал Мадрид.

Хари Кејн моментално е најдобар стрелец во Лигата на шампионите со седум постигнати гола, а со 32 гола е убедливо прв стрелец во Бундес лигата, како и во трката за „Златната копачка“ на Европа. .

Кејн постигна 32 гола, а зад него се Сери Гираси со по 24, Килијан Мбапе, Лаутаро Мартинез со 23, и тешко дека некој ќе му ја „украде“ „Златната копачка“ на Англичанецот. Но, доколку не освои ниту еден трофеј, индивидуалните признанија веројатно нема да му значат многу…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…