Дома Фудбал Репрезентации Изненадување од Србија: Пикси пред заминување?!

Изненадување од Србија: Пикси пред заминување?!

Драган Стојковиќ – Пикси наводно е пред заминување од клупата на српската репрезентација и тоа би можело да се случи по Европското првенство кое се игра ова лето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Медиумите во Србија пренесуваат дека во преговорите дошло до застој. Имајќи предвид дека неговиот договор завршува на лето се најавува негово заминување.

Наводно, во Фудбалскиот сојуз на Србија по лошите резултати на пријателските натпревари во март одлучиле преговорите да ги стават во мирување.

Се шпекулира дека пред Пикси може да биде поставен „условен“ договор – ако ја помине групата би добил нов договор.

Останува да видиме како ќе се одвиваат работите, Пикси претходно добиваше пофалби затоа што стана првиот селектор кој ја одвел Србија на Светско првенство, па на Европско едно по друго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…