Македонија утре во последниот меч од квалификациите за СП во Русија ќе се сретне со селекцијата на Лихтенштајн во Струмица.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Селекторот на нашата репрезентација, Игор Ангеловски на пресот непосредно пред утрешниот меч ги истакна своите очекувања.
„Утре ќе одлучиме со каков тим ќе настапиме. Јасно е дека ќе имаме принудни замени затоа што во составот ги нема Велковски и Спировски. Не ја потценуваме селекцијата на Лихтенштајн и наше е да се подготвме да дадеме максимум, иако гостите ќе бидат без тројца стандардни фудбалери“, истакна Ангеловски.