Дома Тенис „Федерер е најважен играч во историјата на тенисот, Алкараз може да биде веднаш зад него“

„Федерер е најважен играч во историјата на тенисот, Алкараз може да биде веднаш зад него“

Шведската легенда Матс Виландер со неговата последна објава ги налути фановите на Новак Ѓоковиќ.

Виландер зборуваше за Карлос Алкараз и иднината на Шпанецот, истакнувајќи дека може да стане вториот најважне играч во историјата. Според него број еден е Рожер Федерер.

„За мене Федерер е најважен во историјата. Мислам дека Алкараз може да стане втор најважен. Не верувам дека ќе го собори рекордот на Ѓоковиќ по бројот на недели на врвот на АТП, но тука темата не се резултатите.

Рожер го сметам за најважен поради впечатокот кој го оставил кај фанови. Карлос минува низ она што му се случуваше на Рожер на таа возраст, луѓето од него очекуваат повеќе. Фактото што Федерер толку долго остана на врвот, а неговите ривали не се плашат е уште една причина да го сметам за најважен“, смета Виландер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Милиќ експресно до четвртфинале во Јапонија, сега го чека првиот носител

Деветнаесетгодишниот српски тенисер загуби само три гема во Мацујама, а за полуфинале ќе с…