Дома Фудбал Останато Тоа што му успеа вчера Роналдо го немаше направено 13 години

Тоа што му успеа вчера Роналдо го немаше направено 13 години

Кристијaно Роналдо вечерва одигра уште еден одличен натпревар во дресот на Ал Наср и постигна хет-трик во само едно полувреме против Абха.

Роналдо го постигна првиот гол по само 11 минути игра, а веќе десет минути подоцна зголеми на 2:0. Следуваше гол на Садио Мане за потоа Португалецот да го комплетира хет-трикот. Петтиот гол во првиот дел беше дело на Ал Сулаихем. Првиот и вториот гол Роналдо ги постигна од слободен удар.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во второто полувреме кога работата веќе беше завршена Роналдо доби одмор и остана на клупата. Интересно Роналдо последен пат кога успеа да постигне два гола од слободен удар беше дури пред 13 години кога го носеше дресот на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

От Ла Лига со нов напад: Сопствениците на Сити прават измами, ПСЖ има загуби од по 200 милиони седум последователни години

Шефот на Ла Лига Хавиер Тебас упати повторна критика кон останатите големи првенства во Ев…