Дома Фудбал Германија Познато колку Баерн ќе му исплати на Тухел за предвремениот раскин на договорот

Познато колку Баерн ќе му исплати на Тухел за предвремениот раскин на договорот

Кон крајот на февруари раководството на Баерн Минхен донесе одлука да се раздели со тренерот Томас Тухел.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Германскиот стратег не успеа да го одведе актуелниот шампион до нова титула, па двете страни се одлучија дека најдобро е да се разделат.

„Баерн и Тухел заеднички одлучија дека е време да го прекинат својот работен однос кој требаше да трае до 30-ти јуни 2025 година, договорот ќе биде прекинат една година порано. Ваквата одлука е исход на конструктивната дискусија помеѓу извршниот претседател Јан-Кристијан Дрисен и Томас Тухел“, стоеше во соопштението на германскиот гигант.

Сега во медиумите во Германија се открива и колку Тухел ќе заработи од отказот во Баерн. Информациите се дека за предвремениот прекин на соработката Баерн на сметката на Тухел ќе исплати десет милиони евра, односно годишната плата која требаше да ја добие Тухел до крајот на соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Кукуреља даде посебно ветување, еве што ќе направи и како ќе изгледа ако Шпанија стане шампион (Фото)

Марко Кукуреља, познат по смели ветувања поврзани со успесите на репрезентацијата, повторн…