Дома Фудбал Италија Јувентус ја избрал идеалната замена за Алегри

Јувентус ја избрал идеалната замена за Алегри

Масимилијано Алегри нема сигурна работа во Јувентус и следната сезона.

Италијанските медиуми денеска повторно пишуваат за кризата во Јувентус, по четири натпревари без победа.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Јувентус последен пат славеше на 25 февруари против Фросиноне, оттогаш освои само два бода во ремито со Аталанта и Џенова, а Алегри сега повторно e мета на критики.

Во Јувентус се убедени дека Тијаго Мота е идеална замена доколку Алегри, негова смена посакуваат и најголем дел од навивачите. На табелата Јувентус е трет со два бода повеќе токму од Болоња на Тијаго Мота, Рома е петта со седум бода заостанување зад „старата дама“.

Мота сезонава покажа дека е подготвен за големи работи, но ако Болоња обезбеди пласман во Лигата на шампионите, прашање е дали ќе сака да го напушти клубот.

Медиумите од Италија тврдат дека доколку Рома го стигне Јувентус, Алегри нема да остане на клупата, но не е исклучена можноста и со пласман во Лигата на шампионите Алегри да добие отказ бидејќи очекувањата од оваа сезона беа поголеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аморим го брани Онана: Јас направив повеќе грешки (Фото)

Манчестер Јунајтед во последните моменти од натпреварот остана без победа над Лион, а повт…