Дома Фудбал Англија Одбројани деновите на Билиќ: Шпанскиот тренер наследник на кормилото на Вест Хем

Одбројани деновите на Билиќ: Шпанскиот тренер наследник на кормилото на Вест Хем

Според информациите кои пристигнуваат од одредени медиуми на Островот, кормилото на Вест Хем ќе го преземе Шпанец.

Не е ново тоа што се „клацка клупата“ на Славен Билиќ, „Чеканите“ ја отворија сезоната под очекуваното, и хрватскиот стратег би можел да стане вториот менаџер кој ќе заработи отказ по Франк Де Бур.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Каталонски „Спорт“ во денешното издание носи приказна дека деновите на Билиќ се избројани и дека на негово место би можел да пристигне Кике Санчез Флорес.

Овој 52-годишен шпански тренер има премиерлигашко искуство во сезоната 2015/16 кога го предводеше Вотфорд, доби едно признание и за менаџер на месецот.

Санчез Флорес од изминатата сезона е тренер на Еспањол, но во договорот со овој клуб има клаузула која предвидува дека може да замине во друг клуб без да плати обештета.

Изгледа управата на Вест Хем е подготвена да го повлече тој чекор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…