Дома Фудбал Останато Повеќе нема дилеми: Се огласи и Алонсо за својата иднина!

Повеќе нема дилеми: Се огласи и Алонсо за својата иднина!

Шпанскиот стратег на клупата на Леверкузен, Чаби Алонсо потврди дека и следната сезона ќе остане на клупата на тимот и покрај интересот на Ливерпул и Баерн Минхен.

Германските медиуми претходно објавија дека Алонсо го известил раководството на Баерн Минхен дека ќе остане во својот клуб, а сега и самиот Алонсо на прес-конференција потврди дека останува во Леверкузен.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Сакав да ја искористам репрезентативната пауза за да размислам малку подобро. Минатата недела имав добар состанок со клупските челници и одлучив да останам во Баер Леверкузен“, изјави Алонсо.

Чувствувам дека ова е вистинското место за мене како млад тренер“, додаде 42-годишниот Шпанец.

Алонсо на тој начин стави крај на шпекулациите кои го поврзуваа со преселба во Ливерпул или Баерн Минхен. На прес-конференцијата не сакаше премногу да зборува за овие два клуба.

„Тоа се клубови со кои имам силна врска, играв таму, па ги почитувам, но не е коректно сега да се зборува за нив. Јас сум на вистинското место и сакам да продолжам да растам со клубот, со играчите, да учам од нив“, изјави Алонсо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо ќе го сонува: Обамејанг го сруши Наср во 87. минута (Видео)

Екипата на Квадија направи мало изненадување во дуелот од 28. коло на лигата на Саудиска А…