На 22 март во Москва се случи терористички напад во кој според досега собраните информации загинаа 142 лица.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нападот се случил во трговскиот центар „Крокос сити хол“, а меѓу жртвите е пронајдено и телото на руската параолимписка претставничка Екатерина Попова.
Рускиот параолимписки комитет се огласи по оваа трагедија и соопшти дека Попова била двократна национална шампионка во пинг-понг. Животот репрезентативката на Русија го загуби на 39 години, а на концертот присуствувала со својата мајка за која во овој момент нема информации дали го преживеала нападот.