Дома Фудбал Италија „Газета дело Спорт“: Јувентус го избрал наследникот на Алегри!

„Газета дело Спорт“: Јувентус го избрал наследникот на Алегри!

Tијаго Мота одлично ја води Болоња и тој е желба на повеќе клубови, но според последните најави од Италија кариерата ќе ја продолжи на клупата на Јувентус.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Наводно, Мота веќе соопштил на раководството Болоња дека нема да го води тимот следната сезона бидејќи сака поголем предизвик.

Претходно се најавуваше дека екс-фудбалерот на Интер може да го наследи Стефано Пиоли на клупата на Милан, меѓутоа „Газета дело Спорт“ денеска има поинакви информации. Имено, наводно Мота веќе прифатил да биде тренер на Јувентус.

На Јувентус не му оди сезонава и Алегри е пред отказ, навивачите се незадоволни и посакуваат што побрзо да замине, па веројатно и клубот е принуден да реагира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Коби Мејну ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед

Младиот играч од средниот ред Коби Мејну е блиску до продолжување на договорот со Манчесте…