Голманот на Кристал Палас, Сем Џонстон нема да може да конкурира за репрезентацијата на Англија на претстојното Европско првенство.
Тој го повреди лактот на тренингот на Англија во пресрет на пријателскиот натпревар против Белгија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поради ова тој мораше да го напушти кампот на репрезентацијата и наскоро ќе биде опериран.
За Џонстон следува период на рехабилитација, кој ќе трае меѓу три и четири месеци, па тој нема да може да се опорави до Европското првенство. Со тоа и Кристал Палас се најде во проблем бидејќи во последните десет натпревари од сезоната нема да може да смета на својот прв голман. За репрезентацијата на Англија досега бранеше на четири натпревари.
Во мартовскиот термин Англичаните одиграа два натпревари на Вембли, беа поразени од Бразил со 0:1, а потоа ремизираа со Белгија со резултат 2:2. Голот овие натпревари го чуваше Џордан Пикфорд.