Дома Фудбал На поранешниот прв човек на шпанскиот фудбал му се заканува затворска казна од две ипол години

На поранешниот прв човек на шпанскиот фудбал му се заканува затворска казна од две ипол години

Шпанските обвинители бараат поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз, Луис Рубиалес да биде осуден на две и пол години затвор, откако без дозвола го бакна шпанскат репрезентативка на подиумот по освојувањето на Светското првенство.

Рубиалес беше обвинет за сексуален напад и принуда бидејќи во август во Сиднеј без дозвола ја бакнал во уста фудбалерката Џени Хермосо. Хермосо и нејзините соиграчки порачаа дека бакнежот бил непосакуван и понижувачки.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тој ги негираше обвинувањата, но мораше да поднесе оставка по големиот скандал, поради кој Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го суспендираше на три години до крајот на Светското првенство во 2026 година.

Како што објави „Би-Би-Си“, обвинителката Марта Дурантес го обвини Рубиалес за една точка за сексуален напад и една точка за принуда, кривични дела за кои е предвидена казна од една година и една ипол година затвор.

Таа ги обвини и поранешниот селектор на женската фудбалска репрезентација на Шпанија Хорхе Вилда, спортскиот директор на репрезентацијата Алберто Лике и директорот за маркетинг на конфедерацијата Рубен Ривера дека во прв момент ја принудиле принудиле Хермосо да каже дека бакнежот бил во еуфорија, доколку бидат осудени може да добијат по 18 месеци затвор.

Дурантес бара сите четворица да платата оштета од 100.000 евра на Хермосо, а Рубиалес да плати најмалку половина од сумата. Таа побарала и забрана за приближување до фудбалерката на 200 метри и забрана за комуникација во следните седум и пол години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…